Со победата која ја остварија против екипата на Вест Хем со 2:1 и тоа со пресврт, фудбалерите на Ливерпул ја продолжија својата серија без пораз на домашен терен.
Ливерпул нема загубено на 63 натпревари одиграно на „Енфилд“ (52 победи и 11 нерешени средби), што одговара на нивната најдобра серија постигната во декември 1980 година.
Од сите екипи во Премиерлигата, само Челзи со 86 натпревари без пораз на домашен терен имале подолга серија од Ливерпул во историјата на Премиерлигата. Челзи својата серија ја заврши во 2008 година.

