На освојувањето на шампионста титула на Баерн Минхен во Лигата на шампионите синоќа се радуваа и во Ливерпул, а причината е бизарна. Германскиот гигант во Лисабон со минимални 1:0 успеа да го совлада францускиот шампион ПСЖ и по шестти пат го подигна престижниот трофеј.
Оваа победа на Баерн беше добра и за англискиот шампион, затоа што на сметката на Ливерпул ќе легнат 5 милиони евра.
Ливерпул пред неколку сезони го продаде Филипе Кутињо за сума од 160 милиони во Барселона, а во тој договор стои клаузула дека каталонците се обврзуваат да исплатат дополнителни пет милиони евра, доколку Бразилецот ја освои Лигата на шампионите. Токму тоа се случи синоќа, но интересно е тоа што Бразилецот тоа го направи со друг клуб.
Но, клаузулата мора да се почитува, па така Баерн Минхен кој и нанесе удар на Барселонап во четвртфиналето осо 8:2, сега со освената титула ќе ја „олесни“ клупската каса на Барселона за 5 милиони евра.
Последната информација која ја објави „Мундо Депортиво“ вели дека од Барселона оваа информација ја демантирале и дека тоа се однесува доколку Кутињо ја освоеше ЛШ со Барселона, а не со друг тим. Така што сега останува да видиме дали овие 5 милиони евра ќе ги добие Ливерпул.