Шпанскиот шампион Барселона ќе плати дополнителни 5 милиони евра во касата на англиски Ливерпул поради настапите на офанзивниот играч за врска, Филипе Кутињо. Како што е познато, Бразилецот дојде во Барса во јануари за 120 милиони евра, но бонусите се во висина од околу 40 милиони евра.
Според договорот првата транша од 5 милиони евра влегува во касата на Ливерпул откако Филипе ќе одигра 25 натпревари за “каталонците”. Тоа се случи минатиот викенд на средбата со Ваљадолид.
20 од овие натпревари се одиграни во Ла Лига, четири во Купот на Шпанија и еден за Суперкупот на земјата.
Барса ќе мора да плати и дополнителни 20 милиони евра кога Кутињо ќе запише 100 настапи за Шпанците. 10 милиони се бонус ако Барса учествува во групите на ЛШ од 2018 до 2023 година, а 5 милиони евра “црвените” ќе добијат ако Филипе го освои трофејот во најпрестижниот европски клупски турнир.