Екипата на Ливерпул може да се радува на титулата на Манчестер Соти. Откако не успеаја да ја освојат тие, тогаш за Ливерпул беше најдобро тоа да го направи Манчестер Сити.
Причината за тоа е што тимот од „Енфилд“ ќе добие 1,2 милиони евра од Манчестер Сити кои се дел од договороткој го имаат овие два клуба, како дополнителен бонус во договорот за напаѓачот Рахим Стирлинг, кој премина на „Етихад“ пред 2015 година со договор за пет години.
„Граѓаните” станаа шампиони на Англија пет кола пред крајот, благодарение на победата на Вест Бромвич Албион кај Манчестер Јунајтед. Оваа сезона Стирлинг постигна 22 гола,а има о 14 асистенции во своите 42 натпревари во сите натпреварувања.