Ливерпул се повеќе се доближува до идејата да тргне во обид да го купи напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Хуго Екитике. Овој голгетер од Бундеслигата дури може да стане и главна трансфер цел на „црвените“ ова лето.
Талентираниот млад Французин навистина го привлече вниманието на голем број европски гиганти со 21 погодок и осум асистенции во сите натпреварувања досега оваа сезона, со голема веројатност следната сезона да биде уште подобар.
Извори блиски до Ливерпул велат дека скаутите на главниот кандидат за титулата во Англија биле присутни синоќа во Франкфурт за да го гледаат Екитике на мечот со Тотенхем, а исто така биле и пред една недела на мечот кој овие два тима го одиграа во Лондон.
Екитике најверојатно ќе чини најмалку 85 милиони евра, но изворите се категорични дека Ливерпул „сериозно размислува“ да направи прв потег за 22-годишниот играч.

