Францускиот стручњак Зинедин Зидан може да стане изненадувачки наследник на Јирген Клоп на кормилото на Ливерпул. Раководството на Ливерпул е заинтересирано да го назначи Зидан за главен тренер следната сезона, откако Германецот најави заминување. Претставници на Ливерпул веќе стапиле во контакт со екс-тренерот на Реал Мадрид за да дознаат дали е подготвен да работи во Премиер лигата.
Зидан е без работа од 2021 година кога замина од клупата на Реал, а деновиве се зборуваше дека тој има намера да се обиде да ја добие селекторската работа на клупата на француската репрезентација.

