Првите луѓе на Ливерпул планираат да испратат понуда за играчот на Јувентус, Паоло Дибала, објавија денеска медиумите во Англија.
Доколку Кристијано Роналдо навистина го облече дресот на „старата дама“, тоа ќе отвори простор за заминување на Аргентинецот кој уште во претходната сезона не ја доби посакуваната минутажа. „Црвените“ откако не успеаа да го ангажираат Набил Фекир, сега се насочуваат кон играчот на Јуве.
Познато е дека Дибала има договор до 2022 година што значи дека англичаните ќе треба да испратат навистина солидна понуда за да го добијат неговиот потпис. .