Напаѓачот на Порто, Луис Дијаз му се приклучи на Ливерпул, објави официјалниот сајт на клубот од „Енфилд“.
Претходно беше објавено дека Ливерпул направил значителен попуст на играчот во процесот на преговори. Првично, Порто сакаше да заработи 111 милиони евра за својот играч.Како резултат на тоа, двете страни се договорија за сума од 67 милиони евра. Договорот на Дијаз со Ливерпул е на пет години.
The moment you’ve been waiting for…
Luis Diaz is a RED 🔴 #VamosLuis pic.twitter.com/wl9koUlPgl
— Liverpool FC (@LFC) January 30, 2022
Дијаз беше во Порто од 2019 година. 25-годишниот колумбиски напаѓач сезонава одигра 18 првенствени натпревари, постигна 14 гола и 4 асистенции. Од 2018 година Дијаз е повикан во репрезентацијата на Колумбија.
Ливерпул на 22 натпревари освои 48 бода и се наоѓа на второто место на табелата во англиската Премиер лига.