Офанзивниот играч за врска на Ливерпул, младиот Фабио Карваљо, ова лето ќе го напушти тимот на „црвените“. Според информациите потврдени од повеќе медиуми, Ливерпул ќе го испрати својот млад играч на позајмица во германски РБ Лајпциг.
По долги преговори, „црвените“ се согласиле да му дозволат на својот играч да стекне искуство во странство. Се очекува трансферот да биде објавен следната недела.