Ливерпул потпиша нов договор со една од неговите големи ѕвезди, Садио Мане. Договорот на Сенегалецот е до 2023 година, но финансиските параметри не се објавени.
Клубот не ги објави детали за договорот, но според британскиот печат, договорот на Мане е за период од пет години со неделна плата од 150.000 фунти.
„Многу сум среќен што продолжувам со Ливерпул на „Енфилд”. Прекрасно е да добијам нов договор и сега очекувам многу да помагам на тимот и клубот да ги оствари соништа и најважно да се освојат трофеи”, изјави Мане за официјалниот сајт на Ливерпул.
„Секогаш сум велел дека кога добив шанса да дојдам тука, не требаше да мислам двапати. Тоа е вистинскиот клуб за мене, пристигнав во вистинскиот момент и кај вистинскиот менаџер. Направив најдобро решение во кариерата”, додаде Мане.