Хрватскиот фудбалски интернационалец во екипата на Ливерпул, Дејан Ловрен, нема да добие зелено светло да замине како позајмен во редовите на Рома откако италијанскиот клуб во последен момент ја промени понудата.
„Волчицата“ првично понуди 18 милиони евра за да го откупи потписот на дефанзивецот што беше прифатено од Ливерпул, но, откако Калчо-лигашот во последен момент да се премисли и испрати понуда да го земе на позајмица, „црвените“ ги прекинаа преговорите. Во меѓувреме се појавија гласини дека Ловрен успеал да ги договори личните услови со Рома и дека е само прашање на време кога ќе се реализира трансферот.
Сега очигледно ситуацијата се менува и тој ќе мора да остане на „Енфилд“ доколку Рома не се врати на првичната понуда да му го откупи договорот.