Ливерпул доби тежок удар, откако стана јасно дека дефанзивниот играч за врска, Емре Џан ќе го пропушти сите натпревари до крајот на сезоната, бидејќи повредата на грбот, која доби пред неколку дена, се покажа доста посериозна отколку што се очекуваше.
Покрај тоа, тој е под знак прашалник за настап и на престојното Светско првенство во Русија, кое започнува во јуни. Со оглед на тоа што Џан се уште нема потпишано нов договор со Ливерпул, тој со оваа повреда практично и ја заврши својата кариера на „Енфилд Роуд“.