Вест Хем Јунајтед се подготвува да го продаде крилниот напаѓач Мохамед Кудус. Се очекува разговорите за неговото евентуално заминување да се забрзаат во наредните недели, објавија медиумите на Островот.
Според истите, Ливерпул и Арсенал покажуваат интерес за овој фудбалер. Договорот на Кудус вклучува клаузула за откуп од 84 милиони фунти, но лондонскиот клуб е подготвен да го пушти 24-годишниот крилен напаѓач за 65-70 милиони фунти.
Оваа сезона, Кудус одигра 33 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и имаше четири асистенции. Тековниот договор на играчот со клубот е со важност до летото 2028 година. Според информациите пазарната вредност на фудбалерот е 50 милиони евра.

