Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон потпиша нов договор со клубот. Денеска од Ливерпул ја потврдија новата соработка со Хендерсон која по се изгледа ќе го задржи во клубот до крајот на кариерата.
„Очигледно сум почестен и горд да го продолжам моето патување тука. Фантастично е што конечно се заврши процесот на потпишување и сега може да се концентрирам на иднината. Секако дека сум друг човек и играч од оној кога дојдов овде. Многу научив и пораснав во клубов и за тоа сум им благодарен на многу луѓе. Ја сакав секоја минута, дури и кога ќе погледнам во тешките времиња наназад уживав и во тие мигови што сум дел од овој клуб”, изјавил Хендерсон по потпишувањето на новиот договор.