Ливерпул стана вториот европски шампион кој го загубил својот прв натпревар во Лигата на шампионите на стартот на одбраната на титулата.
Тоа стана јасно по синоќешниот пораз на Ливерпул кај Напполи со 0:2. Головите за домашната екипа беа постигнати во самиот финиш на натпреварот и беа дело на Дрис Мертенс во 81. минута од пеналот и Фернандо Љоренте во дополнителното време. На овој начин Ливерпул, се најде веднаш до Милан.
До вчера „росонерите“ беа единствениот тим што ја освоил Лигата на шампионите и го загуби својот следен натпревар од новата сезона. Ова се случи во сезоната 1994/95, кога Ајакс ги надигра црвено-црните (2:0), кои претходно ја совладаа со 4:0 Барселона во финалето одиграно во Атина.
Во следното коло на 2 октомври, Ливерпул е домаќин на Салцбург додека Наполи му гостува на Генк.