Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ливерпул и Виљареал вечерва во прва полуфинална пресметка во Лигата на шампионите
    Фудбал

    Ливерпул и Виљареал вечерва во прва полуфинална пресметка во Лигата на шампионите

    risteBy riste27/04/2022No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Најуспешниот англиски клуб ви европските натпреварувања – Ливерпул се среќава со најголемата сензација Виљареал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот на Енфилд е од 21 часот, а Ливерпул е во улога на апсолутен фаворит. Многумина прогнозираат дека во финалето тимот на Јирген Клоп ќе се соочи со својот голем ривал за титулата во Премиерлигата Манчестер Сити, но Виљареал секако има други планови. „Жолтата подморница“ се покажа како убиец на гиганти и веќе им го зеде скалпот на Јувентус и Баерн (Минхен).

    Против Баварците, тимот на Унаи Емери покажа дека може да игра доминантен фудбал и заслужи да победи со повеќе од 1:0 на својот „Естадио де ла Керамика“. Во реваншот Шпанците ладнокрвно се бранеа и трпеливо го чекаа моментот кога со смртоносна контра ќе го елиминираат гигантот од Минхен.

    Ливерпул имаше полесна задача против Бенфика. „Црвените“ во голема мера ги решија работите во своја полза во Лисабон, откако победија со 3:1.

    Во реваншот Клоп си дозволи да ги сочува силите на некои од главните играчи и натпреварот заврши 3:3. Така, тимот продолжува да има реални шанси да ја заврши сезоната со 4 трофеи.

    Во текот на викендот Ливерпул се сретна со градскиот ривал Евертон во натпревар во кој немаше право на грешка. Џокерот Дивок Ориги влезе од клупата и уште еднаш придонесе за победата. Тимот на Клоп заостанува само еден бод зад Манчестер Сити во трката за титулата и е должен да ги добие сите преостанати натпревари, но истото важи и за „граѓаните“.

    Виљареал игра на променливо во Ла Лига. Во последниот натпревар „жолтата подморница“ лесно победи со 2:0 против Валенсија, а во текот на викендот тимот немаше натпревар и можеше целосно да се фокусира на подготовките за гостувањето на „Енфилд“.

    Импресивен е податокот дека Виљареал забележа три победи и едно реми на последните 4 натпревари на гостински терен во Лигата на шампионите. Сепак, тимот беше елиминиран од англиски ривал во единствениот случај во кој стигна до полуфиналето на турнирот. Во сезоната 2005/06, „жолтата подморница“ се сретна со Арсенал на чекор од финалето и загуби со вкупен резултат 0:1.

    Роберто Фирмино е под знак прашање за настап во Ливерпул, но и да беше во оптимална кондиција, Бразилецот тешко дека би бил стартер. Нападот ќе го предводат Мохамед Салах, Садио Мане и Луис Дијаз, додека на клупата ќе останат Ориги и Диого Жота. Во центарот на одбраната, Вирџил ван Дајк ќе биде партнер со Ибрахим Конате, кој постигна гол во двете четвртфинални пресметки со Бенфика. Тројцата на средината на теренот најверојатно ќе бидат Џордан Хендерсон, Фабињо и Тиаго Алкантара.

    Виљареал ќе игра без поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Алберто Морено, а најверојатно ќе недостасува Жерард Морено. Френсис Кокелин ги продолжи тренинзите со тимот и се очекува да започне од првата минута. Единствената дилема за Унаи Емери е меѓу Чуквуезе и Џереми Пино кој од нив треба да истрчаат до Арно Данјума во нападот.

    Ливерпул и Виљареал имаат два натпревари од европските турнири во 2016 година. Тие беа ривали во полуфиналето на Лига Европа, Шпанците победија со 1:0 на домашен терен, но загубија со 0:3 на „Енфилд“. Во финалето Ливерпул загуби од Севиља и сега може да се реваншираат.

    Судија на средбата вечерва ќе биде Полјакот Симон Марчињак.

    ЛИВЕРПУЛ – ВИЉАРЕАЛ
    Веројатни состави:
    ЛИВЕРПУЛ (4-3-3): Алисон; Александар-Арнолд, Конате, Ван Дајк, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Тиаго Алкантара, Салах, Мане, Л.Дијаз
    ВИЉАРЕАЛ (4-3-1-2): Рули; Фојт, Албиол, П.Торес, Еступинан; Парехо, Кокелин, Капу; Ло Селсо; Алкасер и Данјума.

    СУДИЈА: Симон Марчињак (Полска)
    СТАДИОН: „Енфилд“ – Ливерпул

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ливерпул фаворит за потписот на Маунт

    30/03/2023

    Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?

    30/03/2023

    Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим

    30/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ливерпул фаворит за потписот на Маунт
    • Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?
    • Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим
    • Дијаз ќе добие понуда од Англија
    • Горецка: со нетрпение ги чекаме дуелите со Сити
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.