Ливерпул ја објави својата намера да излезе со нов план за проширување на капацитетот на „Енфилд“. Раководството на клубот веќе го презентираше проектот за зголемување на капацитетот на стадионот.
Сепак, овој план дозволи само зголемување за четири илјади места. Ливерпул до крајот на следниот месец требаше да го достави последниот нацрт за ова. Сепак, клубот најде начин за дополнително зголемување на сегашниот капацитет, кој изнесува 54.074 места. Идејата е „Енфилд“ да биде објект за повеќе од 60,000 гледачи. Точно таков е новиот проект на кој ќе се концентрираат сопствениците на Ливерпул.
Раководството на клубот веќе издвои 110 милиони фунти за главното реновирање на трибината, што беше отворена во септември 2016 година. Клубот допрва треба да расправа за новиот план со акционерите, по што ќе се претстави во јавноста подетално целиот план за дополнителна реконструкција.