Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ливерпул испрати делегација во Аргентина за да го завршат трансферот на Дијаз
    Фудбал

    Ливерпул испрати делегација во Аргентина за да го завршат трансферот на Дијаз

    risteBy riste28/01/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ливерпул е блиску до привлекување на крилниот напаѓач на Порто Луис Дијаз. Колумбискиот репрезентативец моментално се наоѓа во Аргентина, каде што е следниот натпревар на Колумбија во квалификациите за Светското првенство.

    Поради оваа причина од Ливерпул испратиле делегација да ги изврши неговите лекарски прегледи таму. Фактот дека Дијаз е во Јужна Америка му создава логистички проблеми на Ливерпул, кој треба да се справи со нив до затворање на преодниот рок во понеделник.

    „Црвените“ планираа да го привлечат 25-годишниот фудбалер во текот на летото, но сфатија дека доколку не реагираат сега, на крајот од сезоната тој ќе замине во друг клуб. Тотенхем во последните денови преговараше за Дијаз и беше подготвен да ја плати трансферната сума што ја бараше Порто, но последната интервенција на Ливерпул целосно ја промени ситуацијата, бидејќи играчот изјави дека преферира трансфер на „Енфилд“.

    Доколку дојде до трансфер, од Ливерпул ќе платат фиксна сума од 45 милиони евра плус 15 милиони лесно достапни бонуси. Тие испратија официјална понуда во Португалија, но раководството на Порто се уште не ја прифатило и во оваа фаза нема договор меѓу двата клуба.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови

    27/03/2023

    И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти

    27/03/2023

    Денеска тест против Фарските острови

    27/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови
    • И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти
    • Денеска тест против Фарските острови
    • Барселона со нов договор за Балде
    • Маркез скрши прст, нема да вози на ГН на Аргентина
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.