Ливерпул ќе добие рекордни 175 милиони фунти за освоената титулата во англиската Премиерлига, откако сезоната беше доиграна по прекинот кој го предизвика пандемијата на коронавирусот.
Тимовите ќе добијат целосен износ на договорот за ТВ-права, а надоместокот од околу 330 милиони ќе биде вратен во текот на сезоната. Доколку клубовите гласаа да влезат во годинашни намалувања, Ливерпул би добил 21 милион фунти помалку.
Сезоната 2019/2020 беше прва во тригодишен циклус во кој парите од пренесуваните натпревари во странство беа распределени меѓу клубовите според нивната позиција во првенството, наместо подеднакво.