Англискиот Ливерпул ја загуби шансата да се пласира во Лигата на шампионите за сезоната 2023/2024.
Ливерпул, кој е петти на табелата во Премиер лигата, има освоено 66 бода од 37 кола. По победата над Челзи, Манчестер Јунајтед се искачи на третото место на табелата во Премиер лигата со 72 бода. Њукасл и претходно си обезбеди билет за Лигата на шампионите. Така од Премиер лигата во Лигата на шампионите ќе играат Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Њукасл.
На едно коло пред крајот на првенството, Ливерпул си го загарантира петтото место. Во сезоната 2023/2024 ќе игра во Лига Европа. Во вториот најважен европски турнир ќе учествува и Брајтон, кој за првпат во својата историја ќе игра во европско натпреварување. Тотенхем, Астон Вила и Брентфорд ќе се борат за место во Конференциската лига во последното коло од Премиер лигата.
Последен пат Ливерпул не играше во Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017. Во Лигата на Европа, Ливерпул беше една година порано кога стигнаа до финалето на турнирот, каде што загубија од Севиља.