Раководството на фудбалскиот состав Ливерпул воопшто не се грижи околу гласините за евентуален трансфер на Сади Мане во екипата на Реал Мадрид.
Медиумите на Островот се убедени дека „црвените“ немаат намера да го продадат Сенегалецот иако нивните колеги во Шпанија и понатаму се убедени дека Мане ќе биде во искушение да ја прифати евентуалната понуда од тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан.
Црномурестиот фудбалер во изминатиот ноември потпиша нов договор до 2023 година. Токму од таа причина луѓето од „Енфилд“ не обрнуваат внимание на гласините и дефинивно се решени да ја отфрлат секоја понуда од Реал Мадрид без разлика на финансиските параметри.

