Ливерпул речиси сигурно ќе се откаже од десниот бек Натаниал Клајн, а тоа ќе го стори во првите денови од новата година. Според англискиот „Мирор” најголемиот фаворит да ангажирање на дефанзивецот е тимот на Кардиф.
Клајн одигра 14 натпревари за Англија , но фудбалерот имаше проблеми со повредите, а во моментов нема шанси да влезе во првиот состав на тимот од „Енфилд” и ќе мора да бара промена на тимот, а до крајот на сезоната ќе биде добро решение за него и неговата кариера да игра во друг клуб.
Клајн беше еден од најважните играчи на тимот пред да се повреди, но во моментов ситуацијата не е добра за него. Тој дојде на „Енфилд“ во 2015 година за 12,5 милиони фунти од Саутемптон.