Последните информации од Островот велат дека во скоро време ќе започнат преговорите на Ливерпул со капитенот Вирџил ван Дајк.
„Ливерпул е подготвен да започне преговори за продолжување на договорот на Вирџил ван Дaјк, кој истекува во јуни. Холанѓанецот побара неговиот нов договор да биде до 2027 година“, пренесува експертот за трансфери, Николо Шира.
33-годишниот Ван Дајк е еден од најважните играчи во тимот на Ливерпул и не случајно ја носи и капитенската лента. Тој пристигна на „Енфилд“ во јануари 2018 година од Саутемптон за 84,65 милиони евра, што го прави еден од најскапите дефанзивци во светот.
Досега за Ливерпул има одиграно 276 натпревари, а притоа постигна 24 гола и 12 асистенции.

