Англиските медиуми објавија дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, може да ангажира дефанзивен фудбалер до крајот на преодниот рок бидејќи се водат интензивни преговори со тимот на Престон за 25-годишниот, Бен Дејвис.
Според наведеното, износот на трансферот ќе биде 2 милиона фунти. Корпулентниот фудбалер во тековнава сезона има одиграно 19 мечеви во Чемпионшип конкуренцијата.
Познато е дека „црвените“ останаа без вистински стопер во одбраната откако се повредија: Вирџил ван Дајк, Џо Гомез и Жоел Матип.

