Премиерлигашот Ливерпул е лидер во првенството со 73 бода и предност од 22 поени пред Манчестер Сити би можел да стане шампион на Англија на седум кола пред крајот на првенството, пренесуваат медиумите на Осровот .
Во ТОП 5 лигите во Европа, ова се има случено само двапати: Во сезоната 2015/2016, кога ПСЖ го освои францускиот шампионат на 8 кола до крајот, и во сезоната 2013/2014, кога Баерн стана германски шампион на 7 кола пред крајот
Во Англија, никој сè уште немал таква доминација. Доколку Ливерпул продолжи да игра вака и според евентуалните постогнати резултати, може да стане шампион во 31-то коло од англиската Премиер лига, во натпревар на домашен терен против Кристал Палас, што ќе се одржи на 21 март.
Во следното коло од шампионатот на Англија, Ливерпул ќе игра со Норвич, кој е на последното (20-то) место со 18 бода.