Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ливерпул со најдобра серија на стартот на сезона по 57 години
    Фудбал

    Ливерпул со најдобра серија на стартот на сезона по 57 години

    risteBy riste19/09/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Со синоќешната победа со 3:2 над ПСЖ во Лигата на шампионите Ливерпул ја забележа својата шеста последователна победа од почетокот на сезоната, со што го израмни достигнување од пред 57 години.

    Како што е познато, Ливерпул ја започна сезоната во Премиер лигата со пет последователни победи и му го отстапуваат лидерското место во англиското првенство на Челзи само поради гол разлика.

    Синоќа тимот ја продолжи победничката серија во сите натпреварувања со триумф над францускиот шампион. Последен пат Ливерпул ја започнал својата сезона слично во далечната 1961 година. Тогаш тимот играше во втората англиска дивизија, а на крајот на сезоната стана шампион и се пласираше во елитата, каде останува до денес.

    За тимот, тешките натпревари доаѓаат во наредните недели. Во сабота „црвените” ќе се соочат против Саутемптон на „Енфилд”, а потоа доаѓаат двата натпревари со Челзи од Премиер лигата и Лига Купот, Гостување против Наполи во ЛШ и домашен натпревар против англискиот шампион Манчестер Сити.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.