Фудбалерот од средниот ред на екипата на Ливерпул, Мохамед Салах, нема да го напушти „Енфилд Роуд“ во летниот трансфер период.
Како што се шпекулира во јавноста, за услугите на Салах се заинтересирани првите луѓе на Реал (М), но од Ливерпул не сакаат да слушнат за разделба со него. Во моментов се зборува дека цената на Салах е околу 200 милиони фунти, а „кралскиот клуб“ веќе контактирал со Ливерпул во врска со можниот трансфер.
Но „црвените“уште еднаш јасно ставиле до знаење дека нема да се разделат со Египќанецот. Салах е клучна фигура во плановите на тренерот на тимот Јирген Клоп за следните неколку години.