Ливерпул нема да се раздели со напаѓачот Мохамед Салах и покрај гласините за негово можно заминување, објавија медиумите во Англија.
Според истите информации, англискиот клуб сака да го задржи 28-годишниот египетски фудбалер и планира да му понуди нов договор со подобрени услови. Според сегашниот договор, кој е со важност до летото 2023 година, Мохамед Салах заработува 200.000 фунти (220.000 евра) неделно.
Претходно, Салах отворено го искажа своето разочарување од одлуката на главниот тренер на тимот Јирген Клоп да го избере за капитен на натпреварот од 6.коло од групната фаза од Лигата на шампионите со Мидтјиланд (1:1) не него, туку помладиот дефанзивец Трент Александар-Арнолд. Потоа, имаше изјава дека Мохамед Салах бил несреќен во Ливерпул.

