Ливерпул сè уште не се откажал од желбата да го привлече централниот дефанзивец на Наполи, Калиду Кулибали.
Според „Ла Паризиен“, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сака да формира дефанзивен пар меѓу Сенегалецот и Вирџил ван Дајк и верува дека клубот ќе го поддржи, иако Ливерпул веќе направи два сериозни трансфери кон крајот на минатата недела кога ги доведе Тиаго Алкантара и Диого Жота. Изданието тврди дека напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, исто така, се обидува да даде придонес во трансферот, убедувајќи го својот сонародник дека би било најдобро за неговата кариера да се пресели на „Енфилд“.
Многу сериозен интерес за Кулибали имаат и Манчестер Сити и ПСЖ, па дури се тврди дека дефанзивецот постигнал принципиелен договор со „граѓаните“. Наполи сака меѓу 70 и 80 милиони евра за централниот дефанзивец.

