Дефанзивецот на Кристал Палас, Марк Геи, веројатно ќе добие понуда да го облече дресот на Ливерпул, велат информациите од Англија.
23-годишниот фудбалски репрезентативец на „Трите лава“ потекнува од Академијата на Челзи но, не успеа да се наметне на „Стемфорд Бриџ“ и по две сезони поминати како позајмен во Свонси, беше купен од Кристал Палас во 2021 година.
Марк за лондончани има 106 натпревари, 5 гола и 2 асистенции.

