Ливерпул подготвува предлог за нов договор за Фабињо, пренесува „ЕСПН“. Тековниот договор на 27-годишниот Бразилец е до 2023 година.
Играчот дојде на „Енфилд“ во 2018 година од Монако. Оваа сезона има 8 натпревари и 1 асистенција. Фабињо имаше период на адаптација на „Енфилд“, но постепено стана еден од најважните играчи во тимот. Тој имаше голем придонесу за успехот на тимот во изминатите две сезони.
По повредата на Вирџил Ван Дајк, Фабињо сега е незаменлив. Во следните месеци тој ќе мора да игра како централен дефанзивец, но покажа дека може добро да се снајде и на оваа позиција.

