Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ливерпул подготвува понуда до Милан за Исмаел Бенасер
    Фудбал

    Ливерпул подготвува понуда до Милан за Исмаел Бенасер

    risteBy riste25/08/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ливерпул размислува за понуда за играчот од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер. Екипата од „Енфилд“ има сериозни проблеми во средниот ред од почетокот на сезоната, а Јирген Клоп планира итно да го засили средниот ред со нов играч, откако се насочи кон 24-годишниот Алжирец, пренесува „Газета дело спорт“.

    Бенасер е важен играч за тренерот Стефано Пиоли. Тој во моментов е во преговори за обновување на договорот кој му истекува летото 2024 година. Во оваа фаза, сепак, преговорите се тешки, бидејќи фудбалерот инсистира на сериозно зголемување на платата, што газдите на „росонерите“ не можат да му го обезбедат. Ливерпул будно ја следи ситуацијата и е подготвен уште повеќе да искомплицира работите со преговорите со добра понуда за играчот од средниот ред.

    Доколку преговорите за продолжување на договорот на играчот не одат во позитивна насока, нема да биде чудо Милан сериозно да размислува за негова продажба, особено ако понудата од Ливерпул е доволно атрактивна на финансиски план. Милан го привлече во своите редови во 2019 година, а Алжирецот има 107 натпревари, 4 гола и 7 асистенции за Милан.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови

    27/03/2023

    И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти

    27/03/2023

    Денеска тест против Фарските острови

    27/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови
    • И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти
    • Денеска тест против Фарските острови
    • Барселона со нов договор за Балде
    • Маркез скрши прст, нема да вози на ГН на Аргентина
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.