Ливерпул подготвува нов договор за Садио Мане, тврди „Football Insider“. Сенегалецот, кој наполни 30 години пред околу една недела, има договор со Ливерпул уште 12 месеци.
Раководството на клубот е подготвено да му понуди договор кој ќе го задржи на „Енфилд“ до крајот на кариерата. Слична е намерата на клубот и во однос на Мохамед Салах, кој сепак се уште не ги прифатил условите кои му се понудени.
Изданието тврди дека Пари Сен Жермен има интерес за Садио Мане и е подготвен да му понуди уште подобри финансиски услови.
Садио Мане оваа сезона одигра 41 натпревар за Ливерпул во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 голови и две асистенции. Во саботата тој постигна два гола во победата од 3:2 над Манчестер Сити во полуфиналето на ФА Купот.