Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ливерпул подобар од Челзи за четврти Супер куп трофеј
    Фудбал

    Ливерпул подобар од Челзи за четврти Супер куп трофеј

    risteBy riste15/08/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ливерпул го освои четвртиот европски Супер куп во историјата, откако победи со 5:4 (1:1 во регуларно време и 2:2 по продолжение), по изведување на пенали на „Водафон арената“ во Истанбул.

    Европскиот шампион и освојувач на Лига Европа одигра спектакуларен дуел со периоди на доминација на двете екипи и 4 постигнати гола. Лондонските сини беа подобри во првото полувреме и го дојдоа до водство со голот на оливие Жиру во 36.минута. Ливерпул ја презеде иницијативата во вториот дел и израмни во 48.минута преку Садио Мане. Ливерпул направи пресврт во петтата минута од првото продолжение со новиот гол на Сенегалецот, но Жоржињо од пенал во 101.минута израмни на 2:2. Сите изведувачи на пеналите за Ливерпул беа прецизни, додека младиот Абрахам не го реализираше последниот пена за Челзи бидејќи Адријан одбрани. Така, Ливерпул го освои својот 13-ти европски трофеј. Од нив повеќе имаат освоено Реал Мадрид, Барселона и Милан.

    Истанбул е посебен град во историјата на Ливерпул поради чудото во финалето на Лигата на шампионите во 2005 година, кога Ливерпул стигна до трофејот откако анулираше 0:3 на полувремето против Милан. Во истата 2005 година, Ливерпул го освои Европскиот Супер куп против ЦСКА Москва. Сега ливерпул триумфираше на исто место на драматичен начин и по изведување на пенали.

    Овој натпревар влегува во историта и порадои тоа што беше суден од првата жена судија која доби шанса на така важен натпревар.мечот и беше доверен на Французинката Стефани Фрапар, а и помагаа Мануел Николози и Мишел О’Нил, а четврти судија беше популарниот турски судија Џунејт Чакир.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал

    22/09/2023

    Фернадеш: Онана е одличен голман

    22/09/2023

    Германецот е убеден дека го направи вистинскиот потег

    22/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    • Севил: Шарапова можеби се подготвува за настап на турнирите
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.