19-годишниот италијански голман од екипата на Милан, Џанлуиџи Донарунума, може да направи трансфер во Ливерпул, објави Медиасет.
Според изворот, Британците понудиле да платат околу 40 милиони евра, но раководството на Милан се уште инсистира на скоро двојно повисока сума. Ако се знае дека младиот голман инсистира да си замине, прашање е колку Милан ќе успее да извлече од неговата продажба. Ливерпул и натаму останува отворен за разговори, но за Донарума има редица интересенти кои веројатно ќе одат и со повисоки понуди.