Утрово англискиот премиерлигаш Ливерпул објави дека потпишал нов долгорочен договор со египетскиот напаѓач, Мохамед Салах.
Според новиот договор, Салах останува на „Енфилд“ до 2023 година, со што паднаа во вода сите најави дека тој летово може да си замине од редовите на англискиот тим.
Салах којимаше извонредна деби сезона во Ливерпул, во која постигна неверојатни 44 гола во само 52 настапи, веднаш стана мета на најголемите европски тимови, особено на Реал (М) кој најави дека ќе се обиде да го купи уште ова лето.
“Ова покажува две работи – неговата верба во Ливерпул и нашата верба во него“, кусо прокоментира Клоп по објавата на новиот договор.