Ливерпул е во преговори за рекорден спонзорски договор за клубот и за британскиот фудбал, а прегoвoрите се водат со компанијата „Најк“, според кој американскиот концерн ќе го облече Ливерпул следната сезона.
За „црвените“ се вели дека имаат подобри услови од Манчестер Јунајтед, кој моментално добива 75 милиони фунти годишно од „Адидас“.
Актуелниот спонзор „Њу Баланс“, сепак, поднел тужба против Ливерпул. Според компанијата, постои клаузула во договорот со Ливерпул со која му се дозволува на „Њу Баланс“ да одговари на највисоката понуда што Ливерпул ќе ја доби и да остане спонзор на клубот. Компанијата тврди дека Ливерпул не им ја дал оваа можност и затоа покренале судски спор.
Од „Енфилд“ се сигурни дека сегашниот спонзор, кој во моментов дава 45 милиони фунти сезонава, нема намера да ја изедначи понудата на „Најк“ и не може да обезбеди таква глобална дистрибутивна мрежа. Договорот меѓу Ливерпул и „Њу Баланс“ истекува во јуни 2020 година.