Ливерпул прими седум погодоци на еден натпревар за прв пат по 57 години, објави „Опта Спорт“.
Последен пат кога Ливерпул примил толку многу голови на еден натпревар беше во април 1963 година. Тогаш Тотенхем беше клубот кој го победи Ливерпул со резултат 7:2. Во мечот од 4. коло на англискиот шампионат, Астон Вила го совлада Ливерпул со резултат со идентични 7:2 исто како што то аго направила екипата на Тотенхем пред 57 години.
Оли Воткинс и Џек Грилиш беа немилосрдни кон одбраната на Ливерпул, но мора да се признае во неколку ситуации Ливерпул и немаше среќа, одбиената топка од нивните играчи завршуваше во голот на Ливерпул.

