Ливерпул и Челзи ќе се сретнат меѓусебе во 3. коло од Лига Купот на Англија. Вака сакаше ждрепката по комплетираното 2. коло во едно од куп-натпреварувањата на Островот.
Интересно е што натпреварот на „Енфилд“ ќе се одигра само неколку дена пред натпреварот кој овие два тима ќе го одиграат во рамките на редовното коло од Премиер Лигата на „Стенфорд Бриџ“ на 29 септември. Всушност, и двата дуела се во иста недела.
Манчестер Сити кој е бранител на трофејот во 3. коло ќе игра со екипата на Оксфорд Јунајтед, додека Манчестер Јунајтед ќе го пречека второлигашот Дерби Каунти предводен од Френк Лампард. Натпреварите ќе се играат во последната недела од септември.
ВБА – Кристал Палас
Арсенал – Брентфорд
Бартон Албион – Барнли
Вајкомб – Норич
Оxфорд Ј. – Манчестер С.
Вест Хем – Маклесфилд
Милвол – Фулам
Ливерпул – Челзи
Бурнмаут – Блекбурн
Престон – Мидлсброу
Вулверхемптон – Лестер
Тотенхем – Вотфорд
Блекпул – КПР
Евертон – Саутемптон
Манчестер Ј. – Дерби К.
Нотингем Ф. – Стоук