Ливерпул за првпат загуби во пенал-рулетот во натпреварите од Лигата на шампионите, откако англискиот клуб беше елиминиран по двата меча со ПСЖ во 1/8 финалето на пенали со 1:4.
Пред ова, Ливерпул никогаш немаше загубено на пенали во ЛШ, затоа што досега победи во три наврати.
Двапати „црвените“ победија на пенали во финалето против Рома во 1984 година и против Милан во 2005 година и еднаш во полуфиналето против Челзи во 2007 година.
ПСЖ, пак, е само вториот клуб од Франција кој победил во пенал рулетот на турнирот. Првиот тим беше Бордо, кој го исфрли Днипро во четвртфиналето во 1985 година.

