Екипата на Ливерпул излезе со соопштение откако судиската организација на ФА призна дека на „црвените“ им беше поништен регуларен гол на дербито со Тотенхем кое го загубија со 2:1.
-Ливерпул го прифаќа признанието за грешката, јасно е дека правилата не се правилно применети што резултирало со загрозување на интегритетот на спортот. Ние ќе ги истражиме сите можни опции“, стои во соопштението од Ливерпул.
Во меѓувреме судиите кои беа во ВАР собата се санкционирани.