Ливерпул се обидува да го направи Мохамед Салах најплатен фудбалер во историјата на Премиер лигата. Интернационалецот од Египет добива 200.000 фунти неделно а клубот ќе му понуди нова соработка за четири сезони со зголемени примања на 230.000 фунти.
Актуелниот договор на 29-годишниот напаѓач истекува во 2023 година. Во моментов најголема плата на „Енфилд“ има Холанѓанецот, Вирџил Ван Дајк, кој добива 220.000 фунти.
Мохамед Салах на 204 натпревари во дресот на „црвените“ има постигнато 126 голови и направено 49 асистенции.