Ливерпул ги договори личните услови за голманот на Валенсија, Гиорги Мамардашвили. 23-годишниот голман имаше одличен настап на Европско првенство во Германија со Грузија и го привлече вниманието на гигантите кон себе.
Од Ливерпул го гледаат голманот како долгорочна замена за Алисон Бекер. Идејата на управата е да го земе Мамардашвили сега, испраќајќи го на позајмица на една или две сезони, по што тој може да се врати на „Енфилд“ и да биде прв избор.
Голманот се согласува на таква опција, пишува Фабрицио Романо. Интерес за него има од Бурнмаут, со тоа што оваа екипа е подготвена да го земат на позајмица за оваа сезона. Сега останува Ливерпул да се договори со Валенсија за трансферната сума на Мамардашвили.
Валенсија потпиша со Мамардашвили од Динамо Тбилиси во 2021 година.

