Ливерпул планира да понуди не само примамлива понуда за самиот Џад Белингем, туку и работните места на уште двајца членови од неговото семејство за да се наметне во конкуренција за талентираниот играч за врска.
Во последно време се тврди дека Реал Мадрид има поголеми шанси да ја привлече големата ѕвезда на Борусија (Дортмунд), но токму во Шпанија се појавија информации за идејата на Ливерпул. Во истата се наведува дека Ливерпул ќе потпише и со помладиот брат на Џад, Џоб Белингем, кој моментално игра за Бирмингем Сити. Покрај тоа, од Ливерпул се подготвени да го регрутираат нивниот татко Марк како скаут.
Пред извесно време во „Билд“ се појави информација дека семејството на Џад Белингам преферира трансфер во Ливерпул отколку во Реал Мадрид. И покрај тоа што шпанските медиуми го тврдат спротивното, потегот на Ливерпул може дополнително да ги засили тие информации.