Англискиот шампион Ливерпул е заинтересиран за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, објавија шпанските медиуми. Аргентинецот има одлична сезона во дресот на Атлетико Мадрид, досега постигна 32 гола за својот тим.
„Црвените“ разгледуваат неколку опции за привлекување на Алварез, а најактуелната е онаа што го вклучува Дарвин Нуњес.
Уругваецот имаше просечна сезона под водство на Арне Слот, а многуте изоставувања го закотвија на клупата на „црвените“. Самиот фудбалер исто така не е задоволен од својот статус на резерва и не е исклучено среќата да ја бара далеку од „Енфилд“.
Сериозен плус за Алварез е фактот што пред да се пресели во Атлетико, тој играше за Манчестер Сити и многу добро ја познава Премиер лигата. За „граѓаните“ Алварез исто така беше беспрекорен. Аргентинецот одигра 67 натпревари за Сити и постигна 20 гола.

