Екипата на Ливерпул забележа историско достигнување со победата од 3:1 над Бенфика во првото четвртфинале од Лигата на шампионите.
За „Црвените“ од „Енфилд“ ова беше осми последователен успех како гостин во сите натпреварувања, нешто што досега не се случил во нивната историја.
Пред Бенфика, Ливерпул ги победи Нотингем Форест (1:0 во четвртфиналето на ФА Купот), Арсенал (2:0) и Брајтон (2:0) во Премиер лигата, Интер (2:0) во Лигата на шампионите, Барнли (1:0) и Кристал Палас (3:1) во Премиер лигата, како и повторно Арсенал (2:0) за Лига Купот.
Ливерпул повторно ќе игра на гости во следното коло. Сепак, задачата пред играчите на менаџерот Јирген Клоп ќе биде многу тешка, бидејќи ривал е Манчестер Сити, а натпреварот е в недела на 10 април.