Ливерпул ќе направи промени за дуелот од шестото коло во Премиер лигата со Вулверхемптон, тврдат извори блиски до клубот од Островот.
Се очекува Алисон да се врати во стартниот тим. Другата промена која најверојатно ќе се случи е смената на Дарвин Нуњес со Диого Жота во врвот на нападот. Уругваецот веќе го постигна својот прв гол сезонава под водство на Арне Слот, но Португалецот импресионираше на турнирот во Лига купот, постигнувајќи два гола и се чини дека ќе започне од првата минута.
Натпреварот меѓу Вулверхемптон и Ливерпул е на програмата денес од 18.30 часот.

