Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп доби одлични вести, откако стана јасно дека Садио Мане веќе е здрав и се најде во групата за утрешниот реванш полуфинален натпревар против Рома од Лигата на Шампионите. Тој го пропушти натпреварот со Стоук поради повреда и беше неизвесен за дуелот во Рим.
Другите добри вести се поврзани и со вклучувањето во групата на Трент Александер-Арнолд и Џордан Хендерсон, кои исто така имаа проблеми со повреди, но сепак се подготвени да го одиграат мечот.