Ливерпул и натаму не успева да излезе од големата криза во која влезе во последните триесетина дена. Англискиот шампион синоаќ беше поразен во лига купот на Англија на домашен терен од Кристал Палас и веќе дојде до шест порази во седум натпревари.
Менаџерот Арне Слот го објасни поразот од Кристал Палас и елиминацијата од Лига купот.
„Можете да изберете која било опција, но реалноста е дека нема многу причини зошто изгубивме пет од последните шест натпревари. Ниту една од нив не оправдува толку многу порази. Очигледно, во последните недели мораше да играме на секои три дена, вклучително и по тешките натпревари во Европа. Гледајќи напред кон следната недела, таа ќе биде многу важна за сите нас. Ни требаат што е можно повеќе играчи на располагање. Нашиот состав веројатно не е толку длабок како што мислат луѓето. Нашата перцепција за тоа не се променила“, рече менаџерот на Ливерпул.

