Раководството на Ливерпул повторно ќе се обиде да ја убеди екипата на Рома да им го продаде бразилскиот голман Алисон Бекер. Како што објави весникот „Телеграф“, по грешките на Кариус и слабата форма на Мињоле, Клоп е принуден да бара ново голманско решение за следната сезона.
Тренерскиот персонал во тимот од Мерсисајд смета дека Алисон е идеален кандидат. Инаку минатава зима екипата на Ливерпул одби да плати 68 милиони евра за Алисон, но сега е прашање дали се подготвени да издвојат и 100 милиони евра за неговиот потпис, колку што веројатно ќе бараат Италијанците.